Skip to main content

Црвен крст охрид

Светски ден на крводарителството

Црвен крст Охрид искажува искрена благодарност до сите хумани луѓе, крводарители кои несебично ја покажале својата хуманост дарувајќи крв.
 |  инфодеск  | 
Крводарителство

14-ти јуни насекаде во светот се одбележува како Светски ден на крводарителството.

На овој ден Црвен крст Охрид искажува искрена благодарност, признание и почит на сите оние хумани луѓе, крводарители кои несебично и без резерва ја покажале својата хуманост дарувајќи крв, но и до екипите на Трансфузиолошката служба, вработените и волонтерите на Црвен крст Охрид и сите оние поединци, фирми, институции кои вложија труд, креативност и средства за поддршка и помош во реализација на крводарителските акции. На сите овие чинители ги поврзува една иста, многу значајна  благородна и хумана работа-сите тие со својот ангажман придонеле да се спасат човечки животи. Продолжуваме со нашата хумана мисија со апел до нашите сограѓани да останат хумани, да даруваат крв, бидејќи за живот се работи – велат од Црвен крст Охрид.

Оттаму ја најавуваат нивната следна крводарителска акција која ќе се реализира на 21.06.2022 г. (вторник) во ОСУ „Св. Климент Охридски“-Гимназија, од 9-14 часот. Акцијата ќе има за цел да ги задоволи потребите за крв и крвни продукти на пациентите во здравствените установи во Охрид.