Skip to main content

Кривична пријава

Пронајдена марихуана кај двајца тетовчани во Охрид

Марихуана и семки од канабис пронајдени во домот на двајца тетовчани со живеалиште во Охрид. Против нив е поднесена кривична пријава.
 |  инфодеск  | 
Марихуана

СВР Охрид поднесе кривична пријава против М.Ѓ. (62) и Ѓ.Ѓ (70), двајцата од Тетово, со живеалиште во Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори”.

При претрес во нивниот дом и помошни простории, извршен по судска наредба, полициските службеници пронајдоа и одзедоа марихуана и семки од растението канабис – се вели во соопштението на СВР Охрид.