Skip to main content

Несоодветна реставрација

Нарушена автентичноста на старото градско јадро

Мора да отпочне спроведувањето на препораките на Унеско во однос на старото градско јадро во Охрид, апелираат експертите. Ќе треба да се отстрани се што го нарушува амбиентот, клими, соларни системи, антени. Потребна е едукација за користење на старите техники за градење кои треба да се користат при реставрација на споменичните добра.
 |  инфодеск  | 
старо градско јадро

Потребен е посериозен пристап во заштитата на културното наследство во Охрид, апелираат експертите.Мора да отпочне спроведувањето на препораките на Унеско, во однос на нарушувањето на автентичноста на старото градско јадро. Една од забелешките е несоодветна реставрација на староградските куќи. Недостатоци се нотирани и во реконструкцијата на крововите, кои наместо со ќерамиди, покриени се со современи материјали.

Друга забелешка е поставување на антени, клими, соларни системи, кои што ќе мора да бидат отстранети.

„Не можеме да дозволиме несоодветно да навлегува новиот начин на живот иако тие придобивки се позитивни за секого колектори, соларни, сателитски антени, сепак тоа е несоодветно за да ја сочуваме рзгледницата на овој Стар град која треба да ја презентираме на Унеско“ – вели Никола Упевче, конзерватор и мозаичар.

Треба да се води грижа, при реставрацијата на споменичните добра да се користат идентините – стари техники на градење со земја, цигла, вар за што е потребна дополнителна едукација.

„Недоволна едукација и недоволна свесност. Значи Архитектонскиот факултет има проучување на формата меѓутоа не на квалитетот на материјалот и како се употребува. Недоволно се посветува внимание“ – додава Упевче.

Девастацијата на културното наследство, несоодветната грижа за верските објекти, базиликите и заштитените споменици е исто така една од забелешките на Унеско, за што е потребна итна реакција од страна на надлежните.

Новинар Соња Рилковска