На 16-ти јуни 2022 година во Охрид започнува второто издание на Преспа форумот за дијалог (ПФД).
Во фокусот на дискусиите ќе бидат современите безбедносни предизвици во новата геополитичка реалност и Украина, трансатланското единство, европската перспектива на регионот, регионалната соработка, економското закрепнување и зелената агенда.
ПФД е платформа креирана од Владата на Република Македонија со цел да им овозможи на земјите, лидерите, организациите и граѓаните да градат долгорочни односи и да ги зајакнуваат партнерствата.
Учесниците на ПФД ќе имаат единствена можност со своите дискусии, проценки и предлози да стават личен печат за зајакнување на стабилноста на регионот на Западен Балкан, за збогатување на регионалната соработка и за испраќање позитивна слика за регионот во рамки на неговата европска интеграција и меѓународен контекст.
Потврдено е учество на претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел, претседателите на Црна Гора, Косово, Словенија, Хрватска – Ѓукановиќ, Османи-Садриу, Пахор, Милановиќ, премиерот на Косово – Курти, потсекретарот на ОН за политички прашања Ди Карло, шефовите на дипломатиите на Австрија, Полска, Хрватска, Турција, Словачка, Грција, Босна и Херцеговина, Ватикан, од САД помошникот државен секретар Ескобар, евро-комесарот Вархеји, генералните секретари на ОБСЕ и СРЦ, специјалните пратеници за Западен Балкан на САД, ОК, ЕУ, Германија и Австрија, и бројни други ресорни министри за европски прашања, финансии, економија, животна средина, како и претставници на најважните меѓународни и регионални владини и невладини организации.
Повеќе информации на следниот линк.