МПЦ на чекор до добивање томос за автокефалност
После првата одржана литургија на македонски јазик во црквата на Вселенската патријаршија, МПЦ е на чекор до добивањето на томос за автокефалност. Заедничката литургија вo Контантинополската архиепископија е најголемиот ден во историјата, сметаат аналитичарите.
Веруваат во успешен крај на целиот процес најдоцна за неколку месеци, но сеуште не се знае какво ќе биде името на МПЦ-ОА во Томосот.
Претпоставувам дека ќе биде само Охридска архиепископија, а не МПЦ веројатно како дел од договорот за да се задоволат сите интереси. Претпоставувам на барање на Грчката црква нема да фигурира Македонска во Томосот – изјави Александар Кржаловски, директор на македонскиот центар за меѓународна соработка.
Од друга страна, очекувано е Охридска архиепископија дека нема да и се допадне на Бугарската православна црква.
Можно е да има разни имиња за разни употреби веројанто БПЦ ќе избегнува можеби ќе зборува за МПЦ, но ќе избегнува да кажува Охридска архиепископија бидејки и тие се сметаат за наследнички на ОА – додава Кржаловски.
Она што се случуваше со МПЦ според верските правила беше нелогично, така што сега дојде до правиот епилог. Всушност ова е една логична завршница на еден процес кој МПЦ го водеше многу долго – вели Ратко Дуев, декан на Филозофскиот факултет.
Односот на религијата кон глобализацијата, како чувар на националниот и верскиот идентит се дел од темите на Европската конференција за религиски дијалог што се одржува во Струга, а на која учествуваат 83 експерти од 20 земји од светот.
Новинар : Соња Рилковска