Денес екипата на ЈПКД Дебрца го лоцира и санира дефектот на доводниот цевковод и водата повторно протече од Спомен чешмата.
Со оваа последна фаза на санација може и официјално да потврдиме дека успешно е завршено уредувањето на просторот кај Спомен чешмата во Сливовски Анови – информираше градоначалникот на Општина Дебрца, Зоран Ногачески на официјалниот фејсбук профил.