Нов Миса маркет во Видобишта
Се отвори нов маркет од струшката компанија Миса. Ова е седми објект, пет во Струга, а втор во Охрид. Маркетот е на површина од 450 метри квадратни и е лоциран во населбата Видобишта. Населбата има потенцијал и потреба од ваков маркет, а ние ќе се потрудиме да ги исполниме желбите на купувачите со квалитет, асортиман и услуга, напоменува Васил Миса, еден од сопствениците на Миса маркети.
Излегуваме од рамките на традиционалните маркети. Нудиме, покрај, останатиот асортиман месара од месната индустрија Римес, пекара со печива и леб, свежа програма, овошје и зеленчук коишто се дополнителна понуда. Планираме, по потреба на купувачите во околината, постојано да го збогатуваме асортиманот и да излеземе од монотонијата која се нуди по маркетите – вели Миса.
Успешната формула во работата на Миса маркетите не е само во врвниот асортиман кој им го нудат на купувачите, туку и во грижата кон нивните вработени. Нивната девиза е задоволни вработени и купувачи.
Асортиманот кој го нудиме е еден од фаворитите во работата. Но, нашето лого е „Пазарете со мерак и уживајте во пазарењето“ , со што нашиот фокус е во услугата, за да имаме задоволни потрошувачи. За задоволни купувачи треба да имаме задоволни вработени кои ќе ги вршат услугите. Без задоволни вработени нема задоволни купувачи – нагласува Миса.
Од компанијата МКБ „Миса“ велат, растеме контролирано и континуирано. Во новиот маркет во Видобишта се вработени 20тина продавачи кои ќе им се на располагање на купувачите. Во сите седум маркети на компанијата Миса се ангажирани околу 150 вработени.