Skip to main content

Екологија

Колектор ќе набавува фрекфентни регулатори

Придобивките од оваа инвестиција се многукратни. Инвестирањето е во висина од 6 милиони денари од сопствени средства.
 |  Валентина Неловска  | 
ЈП Колектор

ЈП Колекторски систем ќе набавува фрекфентни регулатори за препумпните станици. Се подготвува тендерска документација за нивна набавка. Инвестицијата ја прават со сопствени средства и ќе чини околку 6 милион денари. Тендерот треба да заврши до крај на месецов, а ќе се имплементираат регулатори на пет препумпни станици во Охрид, информира Владимир Алексијоски, директор на ЈП Колекторски систем.

Тоа значи дека во секој момент, сами ќе се вклучуваат положните пумпи од препумпните станици според достигнатото ниво на фрекфенцијата на отпадните води во пречистителните базени. Со сигурност ќе се спречи излевање на фекални отпадни води. Согласно нивото ќе се вклучуваат пумпите и нема да има излевање на фекалната вода настрана од системот“, кажува Алексијоски.

Од следната година се планира поставување на вакви регулатори и на пумпните станици од струшката страна. Според плановите на ЈП се планира вградување на 18 фрекфентни регулатори. Тоа ќе значи подобро одведување и пречистување на отпадните води од колекторскиот систем и заштита на езерото. Придобивки од фрекфентните регулатори има и во други сегменти од работата на претпријатието, вели Алексијоски.

Покрај заштедата на пумпите истовремено се заштедува на потрошните материјали, но и на човечката работна сила. За време на врнежите, вработените одеа од една до друга препумпна станица да ги вклучат, а сега тоа ќе се прави автоматски.Со тоа ќе имаме голем ефект од примената на фрекфентните регулатори“, вели Алексијоски.

ЈП Колекторски систем за оваа година не планира изградба на пречистителни станици во Трпејца , Љубаништа, Радожда. Алексијоски се надева дека охридската Локална самоуправа ќе ја исполни најавата за изградба на пречистителна станица во Трпејца.