Skip to main content

Екологија

Кој ја труе Општина Дебрца?

На територијата на општина Дебрца од страна на непознати сторители, со камиони со регистарски таблички на соседни општини се депонира отпад.
 |  Голабовски Крсте  | 
Депонија Дебрца

На територијата на општина Дебрца од страна на непознати сторители, со камиони со регистарски таблички на соседни општини се депонира отпад, информира на својот официјален Фејсбук профил, градоначалникот на Општината Зоран Ногачески.

Градоначалникот Ногачески викендов излегол на посоченото место, на Пресека, просторот на депонијата за инертен отпад, над тунелите од автопатот во изградба и констатирал дека на највисоката точка од депонијата за инертен отпад депонирано е поголемо количество на организирано собиран комунален отпад околу десетина камиони , а кое нешто се случило и пред околу две години кога од страна на јавното комунално претпријатие на соседната општина Кичево беше депониран комунален отпад.

Општина Дебрца ќе поднесе соодветни пријави до надлежните органи против субјектите одговорни за управување и користење на депонијата за комунален отпад ( инвеститорот на автопатот, изведувачот, надзорниот орган) и секако против сторителите.

Ако тоа не вроди со плод велат дека ќе ги преземат сите активности за зачувување на природната чистота на територијата на општината, вклучително и физички прекин на пристапниот пат до депонијата за инертен отпад.

Депонија Дебрца

Ногачески со прашање до сторителите и одговорните лица на субјектите на соседните општини одговорни за собирање на комунален отпад :

„Дали е ова нивната зелена агенда и да им порачам дека Дебрца ниту била, ниту ќе биде нечиј ѓубралник“.