Презентирани завршни проекти од ПХВ програмата
Млади волонтери ги презентираа успешно завршените проекти од програмата за Промоција на хумани вредности при ОО ЦК. Оваа година заради пандемијата реализираа 4 проекти. Во проектите беа вклучени 22 млади волонтери од оваа програма. Се изгради пристоен дом за трочлено семејство во социјален ризик, а беа спроведени и други активности, информира Теа Петкоска, десиминатор од програмата за ПХВ.
Имавме и еколошки проект, сакавме да ја подигнеме ниската еколошка свест кај сограѓаните, понатака имавме и интеркултурен проект со кој преку песна испративме порака за заедништво и сплотеност во светот. Проект кој ни ги стопли срцата, а тоа е за децата од социјален ризик да научат нови работи и да се дружат – кажува Петкоска.
Младите беа на терен и ги лоцираа проблемите. Се активираа да ги поттикнат граѓаните и општествено одговорни компании да се вклучат и да ги поддржат нивните хумани активности. Се потрудивме да го разбудиме алтруистичкиот дух кај охриѓани. И овој пат се потврди дека охриѓани се хумани луѓе и сакаат да подадат рака во неволја, напоменува Љубица Јованоска, десиминатор од програматa ПХВ.
Ништо од ова не ќе беше возможно доколу немавме поддршка од локалното население, фирми и поединци. Добивме донации за изградба на куќа во охридско село. Излегоа во пресрет за да организираме настани и проекти. Имавме донации дури и од странство за нашите ПХВ програми, а поддршката зеде замав и се прошири од локално ниво и пошироко – вели Јованоска.
Со програмата за ПХВ годинава им се помогнало на 50 тина охриѓани од грдаот и околината. Волонтерите одвоиле од своето слободно време 3000 волонтерски часови.Се посветиле да ја прошират својата мисија низ целиот град и околината со свои креативни настани.