Сообраќајни контроли
Казнети 25 возачи кои ја надминале дозволената брзина
Полициските службеници затекнале и санкционирале 25 возачи на патнички моторни возила кои ја надминале дозволената брзина на движење.
На 20.06.2022 година од 16 до 21 часот, при спроведени сообраќајни контроли во Охрид, полициските службеници затекнале и санкционирале 25 возачи на патнички моторни возила кои ја надминале дозволената брзина на движење (11-надвор од населено место, 14-во населено место).
Контролите во сообраќајот ќе бидат интензивирани на сите патни правци со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот – се вели во соопштението на СВР Охрид.


