Skip to main content

Вежбовна активност

СВР Охрид денес ќе спроведе боево гаѓање

Оваа активност се реализира со претходен договор и известување до стрелиштето, ловното друштво Охрид, ЈЗУ „Здравствен дом” Охрид и урбаната заедница „Билјанини извори”.
 |  инфодеск  | 
Свр Охрид

Редовниот состав полициски службеници од полициската станица од општа надлежност при Секторот за внатрешни работи Охрид, денеска (22.06.2022 година) од 09 часот, на стрелиштето „Бејбунар“ ќе спроведе вежбовна активност за боево гаѓање.

Оваа активност се реализира со претходен договор и известување до стрелиштето, ловното друштво Охрид, ЈЗУ „Здравствен дом” Охрид и урбаната заедница „Билјанини извори”.

Пред почетокот на боевото гаѓање, полициски екипи извршија теренска обиколка и обезбедување на поширокото подрачје на стрелиштето „Бејбунар” со цел оневозможување влез на граѓани во безбедносните зони. Медицинското обезбедување на боевото гаѓање ќе го вршат стручните медицински екипи од ЈЗУ „Здравствен дом”.

Апелираме, граѓаните кои се движат кон стрелиштето „Бејбунар“, да ги почитуваат ознаките и натписите за забранет пристап, да не се задржуваат во безбедносните зони и целосно да се придржуваат кон останатите насоки на полициските службеници, велат од СВР Охрид.