Кривична пријава
Две лица нелегално регистрирале возило
Кривична пријава против две лица поради измама при добивање кредит или друга погодност, информираат од СВР Охрид.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ј.Ѓ.(37) од селото Мешеишта, општина Дебрца и А.И.(65) од селото Волино, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама при добивање кредит или друга погодност”.
Двајцата, ги прекршиле одредбите од Законот за возила и нелегално регистрирале половно моторно возило увезено од второпријавениот – се вели во соопштението на СВР Охрид.


