Физички напад
Охриѓанец нападнал сограѓанин на ул. Димитар Влахов
Охриѓанец нападнал сограѓанин на улицата „Димитар Влахов“, со што го нарушил јавниот ред и мир. Против него ќе биде поднесена пријава.
На 21.06.2022 година околу 15:30 часот на улицата „Димитар Влахов” во Охрид нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од Н.У.врз Т.В.(56), двајцата од Охрид.
Против напаѓачот, ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.


