Skip to main content

Струга години наназад чека градска капела

Граѓаните обвинуваат, надлежните ги ставаат своите интереси пред оние на граѓаните.

 |  Билјана Колоска  | 

Струга сеуште без градска капела. Овој објект во моментов е запуштен и заобиколен со депонии. Ваквата слика се гледа години наназад.
Пуштањето во употреба на оваа градска капела постојано се одолговлекува, а е од големо значење за Струга.
Граѓаните велат дека не ги интересира која  е причината што оспорува да се пушти во употреба капелата. Секој град, а посебно Струга, и тоа како треба да има ваков објект. Ги критикуваат надлежните бидејќи приоритет им се сопствените, наместо интересите на граѓаните. Велат, оти очекувале од новиот директор на Комунално да превземе конкретни мерки и да проработи градската капела, но досега ниту тој не превзел ништо, истакнуваат граѓаните.
Иако директорот на Комунално претходно со ТВM договори интервју за деталите на оваа тема, сепак заборавил за тоа и заминал на пат.
За нас, невообичаен е ваквиот несериозен однос на директорот Кутаноски кон медиумите.
Инаку, ТВм повторно го актуелизира овој проблем не по наша иницијатива, туку  по барање на граѓани на Струга, бидејќи се што работи информативната редакција е во интерес на решавање на бројните проблеми на  граѓаните.  
И покрај тоа што не добивме податоци  од директорот на Kомуналното претпријатие, сепак извори за ТВМ не информираат дека градската капела е уредена и треба да се пушти во употреба кон крајот на оваа година. Истите додаваат оти објектот внатрешно е уреден, се чекаат уште комори за ладење.