Детски атлетски камп во Охрид
Прво издание на Детскиот атлетски камп во Охрид. Почнувајќи од оваа година АК „Охрид Трчат“, со поддршка на Western Balkans Fund, кофинансирано од ЕУ од 19-26 јуни во Охрид, се одржува Детски атлетски камп за деца од 8 до 16 години.
Со особено задоволство поддршката на горенаведените субјекти ни овозможи уште од првата година да имаме деца од атлетски клубови од Тирана, Р. Албанија, Кула, Р. Србија и Скопје, Република Македонија, вели Иван Цветковски од А.К. „Охрид Трчат“.
„Меѓутоа треба внимателно да се види каков концепт сакаме да развиваме. Се надевам дека со тек на време дел од овој камп патнери ќе бидат и Балканска Атлетска асоцијација и Европската атлетска асоцијација. Верувам дека заедно со нив би можеле да развиеден заеднички производ кој ќе биде од голем интерес за охридската заедница и самата држава кој понатаму ќе претставува пример како треба да се организира и што треба да се прави“, вели Иван Цветковски – АК „Охрид Трчат.
Станува збор за единствен камп од ваков карактер на Балканот, за кој организаторите се надеваат дека ќе стане традиционален.
„Секако кампот е атлетски камп, но имаме и најразлични програми покрај два пати дневно тренинзи, социјални програми, планинарење, голем број на работилници, значи претставува камп кој има еден едукативен и социјален карактер. Со оглед на тоа што децата се во тренажен систем, се активни во своите клубови, нисе сме изненадени, сите тренери и оние од Србија и Албанија, децата се супер и физички подготвени и пред се пресреќни“, смета Татијана Димитриевска – А.К. „Охрид Трчат“.
Поддршката на овој проект кој има потенцијал да прерасне во нешто многу убаво и корисно, е дел од добиениот проект Охрид трчаТ Атлетски детски камп 2022 во кој АК Охрид трчаТ е лидер апликант, додека АК Маратон Тим Кула, Треил Албанија и АК Работнички се партнери на проектот.
Драган Бублиќ, кој од А.К. Маратон Тим од Кула Србија вели дека соработката започнала со А.К „Охрид Трчат“, и годинава на кампот покрај огромниот интерес донесле само 15 деца, од клуб кој е рангиран на 25 то место од 90 ателетски клубови во Србија , а постојат повеќе од една деценија.
„Општиот впечаток е дека сме презадоволни, сместувањето исто така е прекрасно, соработката со колегите од македонија и од Албанија поминува без никакви проблеми. Што се однесува до условите за тренинг, ние досега не сме доживеале да имаме вакви услови, бидејќи во Кула немаме атлетски стадион, тука ни се пружи прилика да тренираме на атлетска патека, имаме можност да вежбаме во најразлични дисциплини така да што се однесува до условите и соработката со колегите сме презадоволни“, потенцира Драган Бублиќ – АК Маратон Тим Кула – Србија.
Кампот оваа година ќе има 70 деца од 3 држави на возраст од 8 до 16 години. Тренинзите се одржуваат на градскиот стадион „Билјанини Извори“ каде е испланиран и завршен натпревар помеѓу децата учесници на кампот. Покрај тренинзите на кампот ќе има и многу други активности како социјални така и рекреативни секако надополнети со многу едукација.