Работна машина на автопат
Жител на Требеништа затекнат при кражба на гориво
59-годишен жител на селото Требеништа е затекнат при кражба на гориво од работна машина на автопатот во изградба Кичево-Охрид.
На 24.06.2022 година во 00:30 часот во СВР Охрид приведен е Н.С. (59) од селото Требеништа, општина Дебрца.
Тој, претходно е затекнат при кражба на гориво од работна машина на автопатот во изградба Кичево-Охрид и пронајдени му се две пластични туби со околу 50 литри гориво. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.


