Физички напад
Охриѓанец му нанел тешки повреди на малолетник
17-годишен охриѓанец физички нападнал малолетник на плоштадот „Крушевска Република“ и притоа му нанел тешки телесни повреди.
СВР Охрид, до надлежното Јавно обвинителство, поднесе известување против 17 годишно лице од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда”.
Тој, на 13.05.2022 година на плоштад „Крушевска Република” во Охрид физички нападнал малолетник нанесувајќи му тешки телесни повреди – се вели во соопштението на СВР Охрид.


