Skip to main content

Таеквондо

Охрид Опен 2022 по највисоки стандарди

Викендов во Охрид Таеквон-до клубот “ХВА РАНГ ИТФ” Лескоец-Охрид го организираше меѓународниот Таеквон-до ИТФ турнир „ОХРИД ОПЕН 2022”.
 |  Голабовски Крсте  |  ,
Охрид опен

Викендов во Охрид Таеквон-до клубот “ХВА РАНГ ИТФ” Лескоец-Охрид го организираше меѓународниот Таеквон-до ИТФ турнир „ОХРИД ОПЕН 2022”. На турнирот учествуваа над 210 натпреварувачи од 31 клуб од Словенија, Хрватска, Бих, Србија, Бугарија,Албанија , Грција и Македонија. Присуствуваа најдобрите натпреварувачи од сите клубови, кои се натпреваруваа во две дисциплини форми и борби, при што имавме можност да гледаме врвни борби и техники на овај натпревар.

„Организацијата беше на највисоко ниво, ,направивме турнир што ретко некој во Македонија може да се пофали дека направил таква организација, со што се гордееме читајќи ги коментарите од гостите на турнирот и од коментарите на сите очевидци. Овај натпревар го организиравме по сите највисоки светски ИТФ стандарди, со електронски судиски ситем, со можност за видео протест, за кој беше лично задолжен г-н Антон Аркхипов. Тој е специјален асистент на претседателот на ИТФ, заштитник за сите податоци, а за судиската екипа беше задолжен еден од најдобрите судии во светот Мастер Вергилиј Ситнилски носител на црн појас VII дан, потпретседател на судиската комисија на ИТФ , претседател на судискиот комитет за Источна Европа, и генерален секретар на Бугарската ИТФ федерација. Ситнилски со своето искуство помогна овај турнир да тече без никаков застој и во најдобар ред, при што користиме прилика да му се заблагодариме јавно, а воедно благодарност до судиската екипа која делеше несебично правда и овозможија најдобрите да се качат највисоко на пиедесталот“ – посочи Марјанчо Лазаревски од Таеквон-до клубот “ХВА РАНГ ИТФ” Лескоец-Охрид.

За најдобари клубови на натпреварот беа избрани:

1 место: Тајгер тим од Перник
2 место: Тервел 2006 од Севлиево
3 место: Тонг Ил од Нови Сад

Охрид опен

Нашиот клуб настапи со 44 натпреварувачи, за дел од нив беше прв натпревар, за некои прв медал, што е посебно задоволство дека имаме веќе нови генерации кои се подготвени и физички и психички за да ги бранат боите на нашиот клуб во иднина. Нашите натпреварувачи вкупно осовија 51 медал, од кои 8 златни, 15 сребрени и 28 бронзени , со што бевме најтрофеен клуб на натпреварот.