До кога надлежните институции, неми пред семејното насилство
Покојната Голубинка Шулевска пред 13 години јавно проговорила за семејното насилство. Институциите, со прст не мрднале за нејзиниот проблем, освен што ја ислушале.
Министерот за труд и социјална политика вели дека доколку се потврдат овие обвинување, некој ќе биде санкциниран.
Убиството што во понеделникот ја растревожи Охридско – Струшката јавност, е првиот регистриран случај на семејно насилство. Невладините организиции, но и граѓаните кои се добро запознаени со животната приказна на сега покојната Голубинка Шулевска, велат дека доколку институциите на системот добро си ја вршеа својата работа, немаше да се случи ваква трагедија.
„Случајот со убиството на покојната Голубинка ни е добро познат. Таа често пати доаѓаше кај нас и се жалеше на семејно насилство“, вели Драгица Попоска, од здружението на жени Езерка, од Струга. „По нејзините кажувања се обраќала до институциите надлежни за ваква проблематика, до центарот за социјални грижи, МВР. Секогаш со неа носеше голема папка со документи и по нејзиното кажување беше назадоволна од третманот. Ние ја упативме до националнта С.О.С линија за борба против семејно насилство, 15700 и таму таа беше регистрирана како случај на семејно насилство од Струга, вели Попоска.
Загрижува фактот што последниве години во нашето здружение имаме регистрирано многу случаи на семејно насилство, родители врз деца, родители како жртви од деца, маќеа врз деца… и многу други.„Апелираме до сите институции кои се занимаваат со ваква проблематика да превземат поголеми мерки на безбедност на жртвите на семејно насилство, за жртвата, да не биде повторно жртва“, вели Попоска.
Министерот за труд и социјална политика Џељаљ Бајрами пак, не бил запознаен со Струшкиот случај на семејно насилство, кој заврши фатално. Тој вели, „доколу се докаже дека институциите на системот не си ја завршиле својата работа како што треба, некој ќе сноси одговорност.
„ Немам детални сознанија за случајот во Струга. Ќе го испитаме случајот и доколку има пропусти од некој од надлежните, бидете уверени дека истите ќе се санкционираат. Сега ваквите жртви се загрижуваат низ шалтер центрите кои се отворени и ќе се отвораат во континуитет низ целата држава“, вели министерот Бајрами.
Во Охридската и Струшката јавност сеуште се коментира за свирепото убиство, во Струга. Токму порадо тоа ТВ М се наврати на проблемите кои произлегуваат од Семејното насилство. Последниот пример е убиството кое се случи во понеделникот, кога Голубинка Шулевска со пиштол беше убиена од страна на нејзиниот поранешен сопруг во населбата Езерски лозја кај Струга.
МВР потврди дека на Шулевски му била и изречена забрана да и се приближува на поранешната сопруга, а против него била поднесена и кривична пријава поради недозволено поседување на оружје.
Неофицијално поранешните сопружници подолго време имале семејни недоразбирања, а истрагата која е во тек треба да го утврди мотивот за свирепото убиство.