Брег на охридско езеро
Две стари гранати пронајдени кај Калишта
Пронајдени две стари гранати кај Калишта. Подигнувањето на гранатите, денеска ќе го изврши претставник на Дирекцијата за заштита и спасување.
На 29-ти јуни во ОВР Струга пријавено е дека на брегот на Охридското езеро кај струшкото село Калишта, пронајдени се две стари гранати.
Увид и обезбедување на местото извршија полициски екипи, а подигнувањето на гранатите, денеска ќе го изврши претставник на Дирекцијата за заштита и спасување – информираат од СВР Охрид.


