Skip to main content

Пожар

Пожарникарите спречија голем пожар во Варош

Градежните зафати во центарот и несоодветно паркираните возила го отежнаа пристапот на екипата на противпожарната единица до локацијата.
 |  Голабовски Крсте  | 
Пожар

Денес во Стариот дел на Охрид на „ул.„Цар Самуил“, во сендвичара и пицерија „Меџик“ едно против пожарно возило и четворица пожарникари од Територијалната противпожарна единица од Охрид, на време успеаја да го ликвидираат пожарот кој многу лесно можел да се прошири и на останатите објекти.

Заменик командирот на ТППЕ од Охрид Коста Кузмановски со апел до жителите на стариот дел на градот да внимаваат каде ги оставаат возилата, зошто во ваквите моменти кога секунди се во прашање да се спречи или случи трагедија, најважниот услов е слободен пристап до локацијата. И онака тесните улички, многу често се целосно зафатени со автомобили што отежнува секаква интервенција во вакви моменти.

„Истите проблеми се секогаш, тешко се пробивме до пицеријата, меѓутоа, интервенцијата е завршена професионално, навремено.Па сигурно побрзо, сега точно не можам да ви кажам, за колку побрзо, меѓутоа пријавата е примена во 11.47, а екипата се вратила во станицата во 12.25 минти“ – вели Коста Кузманоски – заменик командир ТППЕ – Охрид.

Кузманоски објаснува дека во објектот била опожарена кујната, поточно еден од кујнските апарати се запалил. Во најкраток можен рок пожарот бил локализиран и ликвидиран. Ова не е прв пат противпожарната служба од градов покрај тоа да се соочува со пламените јазици, да е приморана да ги бара и сопствениците на автомобилите паркирани по тесните улички, за да можат специјалните противпожарни возила да поминат и стигнат до опожарениот објект.

Пожар

Како што навлегуваме во туристичката сезона, расте и бројот на автомобили во Охрид, а со тоа и во стариот дел на градот. Мора по теркот на реномираните туристички центри да се донесе посебен режим на сообраќај, а се со цел непречен пристап на возилата на единиците за противпожарна заштита и Итната медицинска помош за безбедност на охриѓани и туристите.