Ногачески со апел до даночните обврзници
При последната внатрешна ревизија во општина Дебрца, во делот на остварувањето на изворните приходи, како данок на имот и комунална такса за истакнување на фирма, се констатира дека одреден број на даночни обврзници, физички и правни лица, не ги имаат подмирено своите обврски по овие основи.
Поради оваа причина градоначалникот на општината и даночната администрација се задолжени да ги преземат сите со закон предвидени мерки за наплата на заостанатите обврски на даночните обврзници.
Во наредниот период општинската даночна администрација до сите даночни обврзници-должници по основ на данок на имот и комунална такса ќе достави последни опомени со дополнителен примерен рок за плаќање на заостанатите обврски, заклучно со 31.12.2021 година.
Со оглед на тоа да во изминатиот период не сме користеле присилна наплата апелираме до даночните должници да постапат по опомените и да ги измираат своите обврски во примерниот рок, како не би се изложиле на дополнителни трошоци за присилна наплата – напиша на својот официјален фејсбук профил градоначалникот на Општина Дебрца, Зоран Ногачески.
За сите дополнителни информации можете да се обратите до општинската даночна администрација.