Skip to main content

Триумф на Кими Раиконен на трката за ГН на Белгија

Возачот на Ферари славеше пред Физикела и Фетел на трката за ГН на Белгија.

 |  Крсте Голабовски  | 
Kimi Raikonen
Кими Раиконен

Возачот на Ферари славеше пред Физикела и Фетел на трката за ГН на Белгија.

За Кими Раиконен ова е прва победа од мај 2008 година, а до неа дојде благодарение на одличниот старт. „Ладниот Финец“ на почетокот на трката фантастично се проби од шестата до втората позиција, а во 6. круг успешно го нападна до тогаш водечкиот возач на Индија форс, Џанкарло Физикела. Првиот адут на Ферари до крајот на трката не го испушти првото место, како и Физикела второто, постигнувајќи огромен успех за слабиот тим на Индија форс. Третото место на Себастијан Фетел му ја донесе истата позиција во генералниот пласман.

Kimi RaikonenНајголемите фаворити за победа во Белгија, возачите на Брон ГП Џенсон Батон и Рубенс Барикело, како и возачот на Мекларен Луис Хамилтон на патеката се проведоа како боси по трње. Батон и Хамилтон настрадаа во масовниот карамбол во првиот круг со уште неколку возачи, додека Барикело буквално застана на стартот. На Бразилецот не му се запали моторот на време, и го замени Лука Бадоер од Ферари на последното место.

Сепак, Барикело во однос на почетокот на трката на крајот постигна исклучителен успех затоа што трката за Големата награда на Белгија во Спа Франкошамп ја заврши на седмото место. Треба да се каже дека Шпанецот Фернандо Алонсо имаше убава можност за добар пласман затоа што во поголемиот дел од трката се бореше за третото место, меѓутоа, за откажувањето треба да им заблагодари на механичарите во боксот кои не умееја на време да му ја монтираат предната лева гума, па му беше речено да излезе од болидот.

Голема награда на Белгија: резултати: 1. Кими Раиконен (Ферари), 2. Џанкарло Физикела (Индија форс), 3. Себастијан Фетел (Ред Бул), 4. Роберт Кубица (БМВ Заубер), 5. Ник Хајфелд (БМВ Заубер), 6. Хеико Ковалаинен (Мекларен), 7. Рубенс Барикело (Брон), и 8. Нико Розберг (Вилијамс).

Генерален Пласман: 1. Џенсон Батон (Брон) 72, 2. Рубенс Барикело (Брон) 56, 3. Себастијан Фетел (Ред Бул) 53, 4. Марк Вебер (Ред Бул) 51,5, 5. Кими Раиконен (Ферари) 34.

Генерален пласман на конструктори: 1. Брон 128, 2. Ред Бул 104,5, 3. Ферари 56, 4. Мекларен 44, 5. Тојота 38,5.

{loadposition content9}