Skip to main content

„Нико Нестор“ нема да ги дели учениците

Најдовме решение прифатливо за двете страни, вели директорот. Наставата ќе се следи во мешан состав.

 |  Билјана Колоска  | 
Nikola Zaturoski
Никола Затуроски

Најдовме решение прифатливо за двете страни, вели директорот. Наставата ќе се следи во мешан состав.

cistackiДефинитивно нема етнички делби во „Нико Нестро“. Средношколците од утре настава ќе следат во мешан состав, потврди директорот Никола Затуроски. Учениците албанци од медицинската и економската струка, од прва, втора, трета и четврта година, ќе бидат во иста смена со учениците македонци од сите насоки. Истиот начин на следење настава важи и за учениците македонци од двете струки. И тие ќе бидат во иста смена со албанците од останатите насоки. Вака е организирана наставата поради бројот на ученици во едната и другата смена, информира директорот Никола Затуроски.

По многу состаноци со инволвираните го донесовме ова решение, вели Затуроски. Истото сметаме дека е прифатливо и за двете страни, учениците македонци и албанци, додава директорот.
Учебната година нема да започне со проблеми, се надева директорот. Наставата ја организиравме добро, нема да има просторни проблеми ниту пак очекуваме препукувања помеѓу учениците од македонска и албанска националност, додава Затуроски. За учаниците од економска и медицинска струка е обезбеден објектот познат како стара гимназија. Со тоа тие ученици ќе бидат одвоени од сите останати. За да нема проблеми, низ училишниот комплекс ќе бидат поставени редарски служби и во објектот ќе има контролиран влез. Ќе се знае кој влегува и излагува, додаде директорот.

Родителите ќе се уверат во какви услови ќе работат нивните деца и ќе бидат информирани на кој начин ќе биде организирана наставата, вели Затуроски. Просторниот проблем кој го имаше училиштето е решен со монтажните објекти. Во моментов во дворот на училиштетот е поставена една барака во која ги има основните услови за одржување настава. Во текот на оваа недела се очекува да бидат монтирани и другите три објекти.

{loadposition content9}