Skip to main content

Култура

Пари за возобновување на Универзитетот на Плаошник

Владата ја усвои Информацијата за реализација на Проектот – Возобновување на Св. Климентовиот Универзитет на Плаошник.
 |  Голабовски Крсте  | 
Плаошник

На последната седница, Владата, откако ја разгледа, ја усвои Информацијата за реализација на Проектот – Возобновување на Св. Климентовиот Универзитет на Плаошник. Информацијата е подготвена од Министерството за култура – Управа за заштита на културното наследство.Беше дадена согласност и мислење за оправданоста и продолжување на проектот.

Исто така, беше задолжено Министерството за финансии да обезбеди средства во висина од 50.000.000,00 денари во Буџетот на Република Северна Македонија за 2023. Исто така да сеиздвојат и 22.700.000,00 денари во Буџетот на Република Северна Македонија за 2024 година за реализација на Проектот.