Изложба на славко упевче
Муренките црници во изумирање во Радожда
Изложбата „Муренките црници во изумирање во Радожда“ од академскиот сликар Славко Упевче утре во НУЦК „Григор Прличев“ во 18 часот.
Утре 7-ми јули (четврток) со почеток во 18:00 часот во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид ќе се одржи самостојна изложба на академскиот сликар Славко Упевче.
Изложбата е организирана како придружна манифестација на отворањето на Балканскиот фестивал на народни песни и игри од Охрид, а е поддржана од Министерството за култура како проект од национален интерес „Муренките црници во изумирање во Радожда“ од академскиот сликар Славко Упевче.
По изложбата следува и свечен коктел на бродот „Армада“. Тргнување во 19 часот.


