Skip to main content

Едно деноноќие

Над 30 000 заразени со ковид во Грција

Според податоците од Националната организација за јавно здравје, во Грција за едно деноноќие, регистрирани се над 30 000 заразени со ковид 19.
 |  инфодеск  | 
Плажа во грција

Во изминатите 24 часа во Грција е регистриран зголемен број случаи на Ковид-19, над 30.000, од кои 25.566 се новозаразени, а 5.022 се веројатни реинфекции, според официјалните податоци од Националната организација за јавно здравје, јави дописничката на МИА од Атина.

Дополнително, регистрирани се и 19 смртни случаи, а 98 пациенти се приклучени на апарати на одделите за интензивна нега во грчките болници.

Минатата седмица по речиси три месеци беа регистрирани над 20.000 нови случаи на Ковид-19, а се чини дека продолжува нагорниот тренд.

Од почетокот на пандемијата во земјата се потврдени 3.755.074 случаи на Ковид-19, се проценува дека има 187.202 реинфекции што е 4.7 отсто од вкупниот број на позитивни резултати, а починаа вкупно 30.349 лица.

Пракса на Националната организација за јавно здравје на Грција е во секојдневните соопштенија за ситуацијата со Ковид-19, посебно да ги објавува бројките поврзани со нови случаи и посебно бројките со повторни заразувања.