Трагедија
Охриѓанец загина во сообраќајка кај Прентов мост
60-годишен охриѓанец загина во сообраќајна несреќа во близина на „Прентов мост“, откако со неговото возило излетал од коловозот.
На 05.07.2022 во СВР Охрид било пријавено дека периодот од 09.00 до 13.50 часот на магистралниот пат Охрид-Ресен, помеѓу место викано „Прентов мост” и место викано „Тунели”, патничко моторно возило „фолксваген туарег”, со охридски регистарски ознаки, управувано од Д.С.(60) од Охрид, излетало од коловозот.
На местото на несреќата починал возачот Д.С., а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Охрид, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција – се вели во соопштението на СВР Охрид.


