Су Хотел отвори Спортски центар за активен одмор
По повод 21 година од основањето, Су Холдинг-креативни концепти отвори спортски центар каде гостите од хотелот, локалното население и туристите во Охрид во летниот период ќе можат да уживаат во новата содржина во склоп на „Су Хотел“.
На љубителите на активниот одмор ќе им бидат понудени повеќе услуги за уживање во чистите води на Охридското Езеро, како изнајмување на кајакарска опрема за возрасни и деца и СУП даски. На овој еколошки начин, посетителите ќе можат од водите на езерото да ги разгледуваат убавините на градот заштитен од УНЕСКО како светско културно и природно наследство, како што се пејсажите кон Националниот парк Галичица и Стариот град – вели Игор Иванов, менаџер на „Су Хотел“.
Компанијата Су Холдинг со години напорно работи и вложува за да донесе квалитет во туристичката понуда во Охрид.
Приказната започна во 2001 година, кога на градскиот плоштад го отвори кафе барот „Галерија“, а продолжи со низа успешни бизниси како што се Liquid Old Town, Su Hotel, Liquid Boutique Bar & Kitchen, Su Rooftop Restaurant, Bar Fly и најновиот Roastery Artisan Coffee House, првиот домашен бренд за свежо печено кафе.
Најновиот концепт за активен одмор, Центарот за водени спортови, се реализира со поддршка на Швајцарската Програма за зголемување на пазарната вработливост (ИМЕ).
Покрај отворањето на Центарот за водени спортови по повод 21-от роденден на Су Холдинг беше организирана прослава со настап во живо на Агни Авшар во Liquid Boutique Bar & Kithcen.