Skip to main content

Поранешен премиер на јапонија

Почина Шинзо Абе откако беше застрелан среде говор

Почина поранешниот јапонски премиер Шинзо Абе, откако беше застрелан среде говор соопшти јапонската национална телевизија.
 |  инфодеск  | 
Шинзо Абе

Шинзо Абе починал во болницата каде што добивал медицинска помош, во близина на нападот во Нара, изјави висок функционер на Либерално-демократската партија, пренесува јавната телевизија НХК.

67-годишниот Абе, кој и понатаму е јапонски премиер со најдолг стаж, беше застрелан додека држеше говор во кампањата.

Осомничениот напаѓач, пријавен дека е маж на 40-годишна возраст бил совладан на самото место и уапсен.

Ова е редок пример на оружено насилство во Јапонија, која има строги закони за оружје и ниски нивоа на насилен криминал.

Абе водеше кампања како дел од претстојните избори за Горниот дом на парламентот закажани за 10 јули. Се предвидува дека неговата партија ќе победи.

Абе беше премиер на Јапонија од декември 2012 до септември 2020 година, што го прави премиер со најдолг стаж во земјата.

https://twitter.com/rednano3/status/1545271880227049473?s=20&t=-rQ7n8A841Jp-SEXvfEQvw