Skip to main content

Ферари може да смета на Маса од 2010

Повредениот возач на Формула 1, Фелипе Маса, ќе биде стопроцентно подготвен за повторно да вози почнувајќи од следната сезона, соопшти неговиот тим Ферари по вчерашните дополнителни медицински прегледи на Бразилецот во Мајами.

 |  Крсте Голабовски  | 
Felipe Masa
Фелипе Маса

Повредениот возач на Формула 1, Фелипе Маса, ќе биде стопроцентно подготвен за повторно да вози почнувајќи од следната сезона, соопшти неговиот тим Ферари по вчерашните дополнителни медицински прегледи на Бразилецот во Мајами.

Felipe MasaПортпаролот на тимот ја отфрли можноста Маса да се врати до крајот на годинава. Нивниот возач во следните неколку дена ќе има пластична операција, а во понатамошниот период на заздравување ќе следуваат физички вежби.

„Сите тестови се со позитивен резултат, вклучувајќи го и тој за левото око. Се’ е во ред со Фелипе и тој ќе може повторно да се трка“, појасни портпаролот. Маса, кој во трката во Унгарија во јули доби повреди опасни по животот откако во квалификациите го погоди в глава метален дел од друг болид, во неделата замина за Мајами на прегледи кај водечкиот неврохирург во мотоспортот Стив Олви.



{loadposition content9}