Лозано и Некст Тајм со заеднички концерт во Охрид
Момците од Некст Тајм и Влатко Лозаноски-Лозано најавија голем заеднички концерт кој ќе се одржи на 30-ти јули на Антички Театар-Охрид.
Несомнено, македонскиот туристички бисер, во екот на туристичката сезона, ќе биде домаќин на едни од најголемите музички имиња во моментов, на македонската музичка сцена.
Лозано за кратко време на публиката и промовира две песни. За роденденот ја промовираше „Ме нервираш“, а претходно „После полноќ“. Со неговиот тим веќе работат на подготовки за снимање на видеоспот за уште една нова песна. Летово Влатко и неговиот бенд настапуваат низ повеќе градови во нашата земја, а следните концерти се закажани во Скопје, Тетово и Битола…
Дуото „Некст Тајм“ пак, пролетва ја промовираше обработката на народната песна „Кога падна на Пирина“ и видео-записот за истата, како последен проект со преработки на стари македонски песни, по „Ја излези Ѓурѓо“, „Слушам кај шумат шумите“, „Нешто ќе те питам бабо“ и „Јовка Кумановка“.