Skip to main content

Стопанство

Сертификатни марки за домашни производи

Стопанската комора ги воспостави марките „Македонски екстра квалитет“ и „Традиционален македонски квалитет“. Со нив се гарантира македонско потекло и квалитет на домашните и странските пазари.
 |  Валентина Неловска  | 
ознака

Стопанската комора на Maкeдонија ги претстави сертификатните марки „Македонски екстра квалитет“ и „Традиционален македонски квалитет“. Сертификатите се воспоставуваат на барање на македонските компании за производи и услуги. Имаат особено значење за нивната препознатливост и додадена вредност на пазарите,“ истакна Анета Трајковска, потпретседателка на комората.

Сертификатите гарантираат домашно потекло и квалитет , а го поттикнува унапредувањето на домашното производство и на домашната економија. Се создава посебен идентитет за македонските производи и услуги на странските пазари, но и на домашниот пазар“ , истакна потпретседателката на Стопанската комора.

Во постапката на издавање на сертификатните марки се користени транспарентни критериуми поставени на експертска основа за доделување на правото за користење, а постојат утврдени правила и процедури за доделување. Сертификатната марка е наменета исклучиво за производот или за услугата за која е дадено правото на користење и се користи преку аплицирање на амбалажата, преку поставување на веб-страницата на која се рекламира производот или услугата. Таа вклучува и дигитален код преку кој се проверува веродостојноста директно на веб-страницата на Стопанската комора.

Производот или услугата мора да има висок квалитет и да е произведен во Македонија, создаден со доминантно учество на македонски труд и со материјали од најмалку 60 %. Производот или услугата треба да се карактеризира со добра функционалност, употребливост, современ дизајн и со издржливост. Исто така, да биде изработен од материјали со екстра квалитет, со примена на еколошки стандарди, а на пазарот да треба да е присутен најмалку една година.