Skip to main content

Екологија

Превенција и заштита од шумски пожари

Едукативна онлајн кампања на социјалните мрежи за подигнување на свеста за превенција и заштита од шумските пожари.
Пожар

Истражувачкото друштво „Урсус спелеос“ и заштитеното подрачје Споменик на природата „Слатински Извор“ во месеците јули и август 2022 година, реализираат едукативна онлајн кампања на социјалните мрежи. Целта на кампањата, подигнување на свеста за превенција и заштита од шумските пожари.

Во рамки на објавите на социјалните медиуми, јавноста ќе има можност да се запознае со факти за шумските пожари. Ќе се запознае со начините на превенција, како да се подготвиме за можна појава на шумски пожари. И како да реагираме во случај на шумски пожари. Активноста ќе се реализира во соработка со граѓани, учесниците на тренинзите во рамките на проектот како и институциите и засегнатите страни од Општина Македонски Брод. Активноста е реализирана во рамките на проектот Заштитени подрачја за природата и луѓето. Имплементиран од WWF Adria со поддршка на СИДА, Шведската агенција за развој и соработка.

Пожар

Нашата држава ја карактеризираат два вида на пожари: шумски – карактеристични за летниот период. Потоа, урбани пожари – во населените места кои се јавуваат како резултат на стара или неисправна електрична инсталација или несоодветно управување со лесно запаливи материјали. За жал, 90% од сите шумски пожари се подметнати од луѓе. Во македонскиот Кривичен законик, во главата за кривичните дела против животната средина и природата, во членот 227 пропишано е и кривичното дело „Предизвикување шумски пожар“.