Богата програма
Специјален настан вечерва во Култура 365
Настанот е закажан за 20 часот, а ќе биде проследен со настапи, музика, закуска, бесплатни пијалоци и стенд-ап комедија. Влезот е бесплатен.
Вечерва во Култура 365 и музејот на А. ден Долард во Охрид специјален настан со најпознатиот холандски писател Артур Ван Амеронген и познатата телевизиска ѕвезда Роби Мунтз.
Истиот ќе биде збогатен со настапи, музика, закуска, бесплатни пијалоци и стенд-ап комедија.
Настанот ќе започне во 20 часот и е од отворен карактер, влезот е бесплатен и сите се поканети. Се гледаме таму – информира Крсте Пурцов од Култура365.


