Skip to main content

Културно сценска манифестација

Во петок започнува Галичка свадба

Од петок до недела ќе се одржи 48-то издание на Галичката свадба. Годинава за зет и невеста се избрани Илчо Димитров и Елена Дуровска.
 |  инфодеск  | 
Галичка свадба

Од 15-ти до 17-ти јули во живописниот Галичник, на падините на планината Бистра, ќе се одржи 48-то издание на автентичната културно-сценска манифестација „Галичка свадба”.

За галички зет и невеста оваа година се избрани Илчо Димитров и Елена Дуровска, а карактеристично за годинешната манифестација е што покрај нив, во црквата „Свети Апостол Павле” во ист ден ќе бидат венчани и Искра Блажевска и Марко Бекриќ, додека Марија Крстевска и Владимир Черепналковски ќе го кажат судбоносното „да” во Галичник на 28-ми август.

Галичка свадба

Програмата на годинешната Галичка свадба започнува на 15-ти јули вечерта, со јубилеен концерт посветен на великанот на народната песна Александар Сариевски, кој родум е токму од Галичник, а годинава се навршуваат 100 години од неговото раѓање и 20 години од неговата смрт.

Инаку, годинешниот галички зет Илчо Димитров во текот на свеченостите ќе ја носи личната народна носија на легендарниот Александар Сариевски.

Свадбените активности пак, традиционално ќе почнат в сабота, 16-ти јули, со поставување на свадбарскиот бајрак и симболичниот чин на „фрлање три пушки” од куќата на зетот. Потоа ќе бидат изведени свадбарските ритуали – „пречек на топаните”, свекрвата ќе го одигра свекрвиното оро.

Галичка свадба

Свадбата нема да помине без „Тешкото” и „Невестинското”.

Кој присуствувал знае каков единствен настан е ова, полн со традиција и емоции. Кој не бил, нека го стави на листата нешто што вреди да се видат.