Skip to main content

Италијански амбасадор

Андреа Силвестри во посета на Охрид

Амбасадорот Силвестри беше заинтересиран за проектите кои се однесуваат на заштитата на Охридското Езеро и подготвеноста на Италија да ги помогне истите.
 |  инфодеск  | 
Андреа Силвестри во Охрид

Италијанскиот амбасадор Андреа Силвестри, денес беше во протоколарна посета на Општина Охрид.

Градоначалникот Кирил Пецаков и италијанскиот дипломат, разменија мислења за повеќе прашања кои ги допираат двете земји.

Силвестри, посебно беше заинтересиран за проектите кои се однесуваат на заштитата на Охридското Езеро и подготвеноста на Италија да ги помогне истите, како и за соработка на културно поле.

Андреа Силвестри во Охрид

Амбасадорот не ја криеше својата воодушевеност, кога градоначалникот Пецаков го информира за проектот на Локалната самоуправа, „Италијански јазик во основното образование, што ќе се имплементира од следната година во основните училишта „Св. Климент Охридски“ и „Христо Узунов“.

Градоначалникот Пецаков доби покана за гостување на манифестацијата „Вечер на Италија“, што ќе се одржи на 29-ти јули во Охрид.