Сообраќајни контроли
Казнети 13 возачи на подрачјето на СВР Охрид
Санкционирани се 13 возачи на подрачјето на СВР Охрид поради управување возило со брзина поголема од дозволената.
На 12.07.2022 при извршени сообраќајни контроли на подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници затекнале и санкционирале 13 возачи.
Тие управувале моторни возила со брзина поголема од дозволената (Струга-02, Кичево-06, Дебар-05). За сите прекршоци изречени се соодветни санкции – информираат од СВР Охрид.


