Двајца загинати
Голем шумски пожар во Грција
Две лица загинаа откако хеликоптер кој гаснеше шумски пожар на грчкиот остров Самос се урна во морето, соопшти грчката крајбрежна стража.
Цела ноќ траеше битката со шумскиот пожар на грчкиот остров Самос и утрово гаснењето продолжи и од воздух, а според локалните медиуми ситуацијата денеска е значително подобрена.
Во гаснењето на пожарот интервенираат 78 пожарникари со шест пешадиски тима, 15 возила и два хеликоптери, а меѓу пожарникарите се и 28 од Атина, кои синоќа авионски пристигнаа на островот.
Според локалните медиуми синоќа биле превентивно евакуирани две села.
Во конкретниот пожар помагаше и хеликоптерот што вчера се урна во морскиот дел југозападно од островот, а животот го загубија двајца членови на екипажот, додека пак останатите двајца беа спасени.
Извор: МИА


