Skip to main content

Видео од пожарот во хрватска

Семејство спасено во последен момент

Семејство опкружено со оган, за среќа е спасено во последен момент од спасувачките екипи кои истураат вода во нивна близина.
 |  инфодеск  | 
Пожар Хрватска

Видео снимка од драматична ситуација во Хрватска се прошири по интернет порталите. 

Семејство опкружено со оган, кое изгледа дека нема каде да се скрие, за среќа е спасено во последен момент од спасувачките екипи кои истураат вода во нивна близина. 

На видеото се слуша како меѓусебно се обидуваат да си помогнат. „Бегај, бегај“.

Пожарот кој во средата избувна во внатрешноста на Шибеник и се прошири кон селото Затон ја зафати маслиновата граѓа на семејството на Дамир Т., кое за хрватските медиуми изјави дека неговиот имот во еден момент бил опколен со пожар, пренесува „Блиц.рс“.

Речиси немаше начин да се избега. Огнениот јазик наеднаш премина стотина метри и влезе во нашите маслинови дрвја, но за среќа беа наредени, па немаше висока трева што ќе гори. Не спасија службите кои буквално во последен момент истурија вода врз огнената линија која ни се закануваше. Благодарение на нив сега сме живи – изјави Дамир Т.

Дамир и понатаму е на линија на огнот, нема одмор за него.

Овде ја следиме линијата на огнот што повторно ни се приближува и само чекаме да дојде повторно. Се зависи од ветерот и веројатно среќата – тврдеше Дамир Т.

Како што пренесуваат хрватските медиуми, паника владеела кај жителите на Затон и Раслина, места во непосредна близина на Шибеник каде состојбата била најтешка. Дел од селаните се обиделе да се евакуираат, а дел останале да ги бранат куќите.

Во големиот пожар што избувна вчера меѓу Шибеник и Водице уништени се дваесетина куќи, но за среќа нема повредени лица.

Најтешка е состојбата во Раслина и Затон, а голем број граѓани побегнале со чамци.