Skip to main content

Претпримеништво

Во Охрид, Базар на жени занаетчики

35 занаетчики од Охрид, Битола и Скопје во Охрид денеска на плоштадот од 20 часот ќе ги претстават своите дела пред туристите.
 |  Голабовски Крсте  | 
базар

Триесет и пет жени занаетчики од Охрид, Битола и Скопје на главниот плоштад во Охрид денеска 15-ти јули со почеток од 20 часот ќе ги претстават своите дела пред туристите. Нивните ракотворби се инспирирани од македонските културни наследства од разни региони низ земјава.

„Ги покануваме сите локалци и туристи кои се во Охрид од 20 часот присуствуваат на базарот каде ќе имаат можност да купат впечатливи парчиња накит од нашите креативки. Со овој Базар се надеваме дека ќе инспирираме млади жени кои ќе го препознаат креативниот потенцијал и ќе ги поттикнеме да се вмрежуваат во иднина со цел да го афирмираат македонското културно богатство преку заживување на занаетите и да придонесат кон развојот на економијата. Во иднина можат тоа да го сторат и преку онлајн платформата womenpoweron.mk“ -истакна проектната координаторка во ЦУП, Јасна Пајковска.

Пред базарот ќе се одржи и завршната конференција на проектот „Мерки за зајакнување на женски бизниси по Ковид-19″ во организација на Центарот за управување со промени со финансиска поддршка од Balkan Trust for Democracy и USAID, организиран под покровителство на сопругата на Претседателот на Република Северна Македонија, Елизабета Ѓоргиевска.

На настанот ќе бидат презентирани активностите и резултатите од проектот, предлог мерки и политики за поддршка и промоција на македонското женско претприемништво кои произлегоа од истражувањата и анализите спроведени во рамки на проектните активности.

базар

На отворањето ќе говори Елизабета Ѓоргиеска, сопруга на Претседателот на Република Северна Македонија како покровител на настанот; Неда Малеска – Сачмароска, извршна директорка на Центарот за управување со промени (ЦУП); Џејмс Стеин, претставник на канцеларијата на УСАИД и Кирил Пецаков, градоначалник на Општина Охрид.

Резултатите од проектот ќе ги претстави проектната координаторка, Јасна Пајковска, а женските претприемачки кои биле дел од проектот ќе ги пренесат научените лекции и корисни поддршки кои им овозможиле раст и развој на нивните бизниси. Во делот посветен на „Предлог политики за развој на женско претприемништво” ќе говорат претставниците од ЦУП, Министерство за економија, Општина Охрид и од Националната Платформа за Женско Претприемништво во југозападниот плански регион.