Skip to main content

Контроли во угостителски објекти

Малолетници консумирале алкохол после 24 часот

При контроли во повеќе угостителски објекти после 24 часот, затекнати се малолетни лица кои консумираат алкохол.
 |  инфодеск  | 
алкохол

На 17.07.2022 година од 23 до 03 часот, спроведувајќи мерки од кампањата „Безбедно лето 2022″, полициски службеници од СВР Охрид извршија контроли во угостителски објекти во централното градско подрачје во Охрид.

Притоа, во повеќе угостителски објекти, после 24 часот, затекнати се малолетни лица кои консумираат алкохол. Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по член 204 од Кривичниот законик, против правните субјекти ќе бидат поднесени пријави – информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.