Skip to main content

Новите депоа за националниот фонд на аудиовизуелни добра

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска денеска во Кинотеката на Македонија ќе ги пушти во употреба новите депоа за националниот фонд на аудиовизуелни добра, со што оваа институција првпат во своето 35-годишно постоење ќе добие оптимални услови за чување на националната филмска продукција.

logoДепоата се изработени според градежно-техничките стандарди за чување филмови препорачани од светската асоцијација на филмски архиви – ФИАФ.

Отворањето на депоата во сутеренот на Кинотеката е прва фаза од капиталниот проект на Владата и Министерството за култура. Во тек е реализацијата на втората фаза и е распишан конкурс за избор на идејно архитектонско-урбанистичко решение за обнова на Хавзи-пашините конаци во скопско Бардовци, каде што е планирано во иднина да бидат сместени депоата за чување на кинотечното наследство.
Во рамки на промоцијата на депоата, во Кинотеката денеска ќе биде отворена изложба на ексклузивни архивски материјали од нејзиниот фонд, а вечер ќе биде прикажан избор на македонски филмови од почетокот на македонското организирано филмско производство.

{loadposition content9}