Skip to main content

Јп билјанини извори

Започнува со работа Пајак службата во Охрид

Од утре пајак ќе ги крева непрописно паркираните автомобили во Охрид. Од ЈП „Билјанини извори“ апелираат до сите возачи да се придржуваат кон сообраќајните правила во делот на паркирањето на возилата.
 |  инфодеск  | 
Паркинг Охрид

Започнува со работа новата подружница на Јавното претпријатие „Билјанини Извори“, Пајак служба.

За потребите на оваа посебна организациона целина на претпријатието со одлука на Советот, Општина Охрид му пренесе право на користење на товарно моторно возило за специјална намена пајак.

Пајак служба

Од ЈП „Билјанини Извори” ја известуваат јавноста дека од утре 19 јули (вторник) ќе започне да функционира Пајак службата и апелираат до сите корисници на автомобили да се придржуваат кон сообраќајните правила во делот на паркирањето на возилата.