Skip to main content

Свр охрид

Сообраќајна несреќа во близина на Велестово

На локален пат во близина на селото Велестово се случила сообраќајна несреќа помеѓу две патнички моторни возила.
 |  инфодеск  | 
Полиција

На 17.07.2022 во 16:25 часот во СВР Охрид, пријавено е дека на локален пат во близина на охридското село Велестово се случила сообраќајна несреќа помеѓу патнички моторни возила „Рено” со охридски регистарски ознаки, управувано од А.Ѓ.(26) и „Нисан” со скопски регистарски ознаки, управуван од М.Д.(37) од Скопје.

Притоа, со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница во Охрид, се здобиле возачот на возилото „Рено”, како и сопатниците Л.Ј.(22), Г.Ш.(41), Б.Т.(54), сите од Охрид, додека со телесни повреди се здобил  В.Ч.(56) од Охрид. Увид на местото извршиле полициски екипи – информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.