Skip to main content

Екологија

Заштита на пештери и лилјаци во Н.П. Галичица

Tеренска посета на пештерата Самотска Дупка, на Галичица во рамки на проектот за заштита на пештерите и лилјаците
 |  Голабовски Крсте  | 
Самотска дупка

На 25.06.2022 година, во организација на Црвен крст Охрид, Истражувачко друштво Урсус спелеос и Планинската спасителна служба при Црвен крст Охрид, беше реализирана теренска посета на пештерата Самотска Дупка.

Посетата беше наменета за претставници од партнерските организации, обучените едукатори во рамките на проектот, како и избор на деца на возраст од основно училиште.

Со помош на теренски возила се пристигна до пештерата Самотска Дупка, а едукативната посета ја реализираа стручни лица од областа на спелеологијата, при што учесниците се запознаа со вредноста и значењето на пештерата и биодиверзитетот во неа. Едукативната посета беше искористена и за посета на други значајни локации во Националниот парк од областа на биолошката разновидност.

По завршување на посетата, беше организирана проекција на 2 филма поврзани со пештерите, „Спеленаут“ и Сонот за Арио – Потрагата по најдлабоката пештера во Европа, во соработка со Ехо Филмски фестивал. Настанот се реализираше во Оперативниот центар на Планинската спасителна служба при Црвен крст Охрид.

Во активностите учествуваа 35 учесници. Сите активности беа спроведени со поддршка од Националниот парк Галичица.

Финализира и проектот Развој на едукативни ресурси за заштита на пештерите и лилјаците во Националниот парк Галичица, поддржан од PONT/CEPF.

На 27.06.2022 година, просториите на Црвен крст Охрид, се реализираше финалната работилница во рамките на проектот „Развој на едукативни ресурси за заштита на пештерите и лилјаците во Националниот парк Галичица“, поддржан од PONT/CEPF.

Самотска дупка

На истата присуствуваа претставници од сите партнерски организации, како и Националниот парк Галичица. Се работеше на евалуација на проектот, презентација на резултатите, а воедно се потпишаа/разменија и меморандуми за соработка помеѓу организациите и Националниот парк со цел обезбедување континуитет на едукативните активности.