Skip to main content

По повод „8ми септември“ традиционално „Охридски атлетски маратон“

Денот на независноста на Република Македонија, во Охрид ќе биде одбележан и со еден спортски настан. Продолжува 24годишната традиција на Охридскиот атлетски маратон.

Продолжува традицијата на Охридскиот маратон. По 24ти пат атлетичарите ќе трчаат в долж крајбрежјето на охридското езеро, со многу нагорнини и надолнини. По изјавите на досегашните учесници, оваа патека важи за една од најтешките. „Од година во година охридскиот маратон станува се поатрактивен за натпреварувачите, па нивниот број постојано се зголемува. Минатата год. имавме рекордни 100 учесници“, вели Пеце Неданов, претседател на маратонот.
Досегашниот рекорд на патеката, во машка конкуренција, му припаѓа на Борислав Девиќ од Србија и изнесува 1:39:13. Во женска конкуренција приматот го има Добринка Шаламова од Бугарија со време 2:06:01. Најстар маратонец кој ја истрчал патеката е 73 годишниот Живоин Јекиќ. „И покрај условите во кои се наоѓа цела Европа, мислам на економската криза, се надеваме дека традицијата на Охридскиот маратон ќе продолжи понатаму. Оваа година според најавите маратонот ќе биде еден од најдобрите“, истакна Цветко Грозданов, во улога на Почесен претседател на маратонот.
„Поради временските услови, и најмногу поради слабата посетеност на Охрид во овој период, организаторите имаат идеја терминот за одржување на маратонот, од наредната година да го поместат во месец Август. Деновите околу празникот Свети Климент-летен, се најпогодни за негово понатамошно одржување, и ќе се потрудиме овој термин и да профункционира“, најавуваат тие.
Рокот за пријавување на учесници на маратонот е најдоцна до 7ми септември. Патеката на која ќе се трча е асфалтирана и е долга 30км. Наградниот фонд за учесниците во машка конкуренција изнесува:
место 1000евра
1. место 500евра
2. место 200евра
3. место 100евра
Додека во женска конкуренција наградите се:
1. место 700евра
2. место 300евра
3. место 150евра
За постигнат рекорд на патеката организаторите обезбедија  дополнителна награда од 200евра.