Подготвителни активности
Ќе се асфалтираат ул. Веле Марко и ул. 28 април
Градоначалникот Пецаков информира дека започнаа подготвителни активности за асфалтирање на улиците „28 април“ и „Веле Марко“.
Започнаа подготвителните активности за асфалтирање на улиците „28 април” и „Веле Марко”.
Денеска се врши гребење на стариот асфалт, тампонирање и нивелирање на шахти. После завршување на овие активности следува поставување на нов слој асфалт – информира градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков.


