Skip to main content

Кривична пријава

Двајца битолчани извршиле тешка кражба

Две лица од Битола ја пресекле цевката на централниот довод за медицински гас до операционата сала во болницата за нефрологија во Струга.
 |  инфодеск  | 
Полициско возило

ОВР Струга поднесе кривична пријава против Ѓ.В.(29) и Б.В.(23), двајцата од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторени три кривични дела „тешка кражба”.

Тие, во периодот од март до мај оваа година, во кругот на ЈЗУ„ Специјална болница за нефрологија”, на улицата „Партизанска” во Струга, со употреба на остар алат, насилно пресекле и одзеле повеќе бакарни цевки. На 30.05.2022 година, пријавените ја пресекле цевката на централниот довод за медицински гас до операционата сала во зградата при што предизвикале дефект на системот за довод на медицински гасови – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.